Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, го повика Кабинетот да го отстрани од функцијата претседателот Доналд Трамп по насилниот напад на Капитол вчера од страна на приврзаниците на претседателот.

Во соопштение, Шумер нагласува дека нападот врз Капитол „е востание против САД, поттикнато од претседателот”.

„Овој претседател не треба да ја извршува функцијата ниту ден подолго”.

Според Шумер, потпретседателот Мајк Пенс и Кабинетот треба да се повикаат на 25-от амандман и веднаш да го отстранат Трамп од функцијата.

„Ако потпретседателот и Кабинетот одбијат, Конгресот треба да се собере повторно за импичмент на претседателот”.