Американската пејачка и актерка Деми Ловато неодамна се декларираше како небинарна личност. Како што вели, ја донела таа одлука по многу работа на себе…

Секој ден се будиме и добиваме нова можност да бидеме она што сакаме и посакуваме да бидеме. Поголемиот дел од мојот живот го поминав растејќи пред сите вас… Го видовте доброто, лошото и сето она помеѓу. Не само што мојот живот беше патување, туку живеев и за оние од другата страна на камерата“, напиша Ловато на своите профили на социјалните мрежи.

Ѕвездата истакна дека промените претставуваат различност и слобода на нејзиното сексуално изразување. Небинарните лица не се идентификуваат како мажи и жени, туку некаде надвор од овој бинарен систем.

Денес е ден кога сум многу среќна затоа што можам да споделам нешто повеќе од мојот живот со сите вас – со гордост ве известувам дека отсега ќе се идентификувам како небинарна личност и официјално ќе ја менувам заменката јас со заменките во множина тие/нив“, рече Деми додавајќи дека ова дошло по долг процес на лекување и работа на себе.

Уште во март оваа година, Деми објави дека е пансексуална личност – сексуална ориентација која се карактеризира со сексуална, емоционална и духовна привлечност кон луѓето, без оглед на нивниот пол или родов идентитет.

Јас сè уште учам за себе и не тврдам дека сум експерт или портпарол. Ова што го споделувам со вас сега отвора друго ниво на ранливост за мене. Ова го правам за сите оние таму што не се во можност да го споделат тоа со своите најблиски. Ве молам, продолжете да живеете во вашите вистини и знајте дека ви испраќам многу љубов“, напиша Деми.