„Со огромно жалење сакаме да ги демантираме лажните вести според кои министерот за правда Кренар Лога, наводно игнорира новинар и прашање поставено на македонски јазик. Во конкретниот случај, министерот Лога одговори дека прашањето треба да се постави до Управата за водење матични книги како најповикувана инститиција.
На истиот настан за сите други прашања, министерот Лога го повика новинарот да дојде во негова канцеларија за секакви други прашања надвор од денешната тема.
За пристапот на министерот Кренар Лога кон медиумите и новинарите, најдобар одговор е неговиот отворен однос, подготвеноста и учеството на пресс конференции, емисии како и на брзите одговори на секоја тема со интерес за јавноста, а за ова можат да сведочат сите новинари кои го следат секторот и активностите на министерството“, се вели во демантот на Министерство за правда.