Хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ на крајот од сезоната ќе го напушти Вардар и се сели во ППД Загреб, а негов наследник во „црвено-црниот“ тим ќе биде Дарко Ѓукиќ.

Ѓукиќ има искуство од играње во македонскиот шампионат бидејќи во сезоната 2014/15 настапуваше за екипата на Металург.

Десното крило поради финансиските проблеми на тимот од Автокоманда остана само една сезона по што се пресели во Бешикташ. Таму играше една година и потоа направи трансфер во Киелце за кого настапуваше до 2018 година. Потоа две сезони играше за Мешков Брест, а минатата ја одигра во дресот на Спортинг Лисабон .

Иван Чупиќ кој моментно со хрватската репрезентација настапува на Мундијалот во Египет, по пет сезони и две освоени титули во Лигата на шампионите одлучи да потпише за ППД Загреб.