Можеби не сте забележале, но ако започнете да ги набројувате, веројатно ќе сфатите дека има многу „жолти ликови“ во цртаните филмови. Симпсонови, Сунѓерот Боб, Вини Пу, Минионите,  Пикачу… Мислите дека е случајно?

Освен што е копија на боите во реалноста или „најблиску“ до бојата на кожата, има уште неколку причини зошто вашите омилени анимирани јунаци најчесто се жолти.

Контраст во однос на позадината

Жолтата е една од основните бои заедно со сината и црвената. Основните бои што се користат на екранот се црвена, зелена и сина. Во тој образец, жолтата и сината боја се наоѓаат на спротивните страни на спектарот, правејќи најмногу да се истакнуваат една од друга. И бидејќи сината е најчестата боја во позадина како на пример море, небо и слично, логично е да се користи
жолтата боја за важни ликови.

Луѓето сметаат жолтата боја буди позитивни чувства

Традиционално, жолтата боја се поврзува со среќа и радост. Тоа е докажано и со бројни истражувања, а едно од нив покажа дека повеќето учесници или 72% се изјасниле дека жолтата боја им буди позитивни чувства, а само 0,5% од испитаниците кажале дека им буди негативни чувства. Оваа карактеристика на жолтата боја ја прави одличен избор за весели и позитивни ликови во цртаните.

Не може да не ја забележите

Жолтата е најсветлата боја во спектарот. Таа е една од највидливите бои и при слаба осветленост, а втора највидлива во текот на денот. Жолтата боја успеваат да ја разликуваат дури и луѓето со форми на далтонизам.

Децата ја сакаат жолтата боја

Жолтата боја често се користи во производи за деца, бидејќи децата исто така ја поврзуваат со позитивни емоции и добро расположение. Во маркетингот, жолтата боја обично се користи за пакување на „забавни“ производи. Исто така постои и студија во која децата имале можност да изберат меѓу жолти и кафеави боички откако претходно слушале среќна или приказна – по среќната приказна секогаш ја избирале жолтата боја.

Привлекува внимание

Жолтата е многу видлива боја, што ја прави главен избор за разни предупредувања што треба да се видат од далечина и кои од нас бараат да посветиме внимание. Оваа боја се користи на сообраќајни знаци, семафори и патокази, пишува „Nation“.