Разделбата на славните сопружници Ким Кардашијан и Канје Вест со денови ги полни страниците на странските медиуми.

Риалити ѕвездата Ким Кардашијан во петокот до судот во Лос Анџелес поднесе официјално барање за развод од раперот Канје Вест по седум години брак, барајќи заедничко старателство над нивните деца.

epa-efe
EPA/JUSTIN LANE

А целиот процес на разводот и како дошло до тоа, Кардашијан планира да го документира во две риалити шоуа, пишува „Mirror“.

Ким веќе ја сними дваесеттата и последна сезона на реалното шоу „Keeping Up With the Kardashians“, која беше снимена во време кога се појавија првите шпекулации за наводниот равод.

Instagram
Instagram

Овие епизоди треба да се емитуваат следниот месец и ќе ја следат Ким во последните девет месеци од бракот со Канје.

Американски извори велат дека Канје кој почна да се појавува во шоуто уште од 2013 година, но не беше постојано присутен пред камерите како другите членови на семејството Кардашијан и нивни пријатели, веројатно нема да се појави во последната сезона.

Profimedia
Profimedia

Семејството Кардашијан стави крај на долгогодишната соработка со телевизискиот канал „E!“, па новото шоу ќе се емитува на „Disney“ каналот на телевизиската мрежа „Hulu“.

Деталите за програмата сè уште не се потврдени, но при објавувањето на новото партнерство, директорката на „Disney TV“, Дана Валден истакна дека повеќе сака реални шоуа без сценарио па