Данецот никогаш немал проблеми со срцето во текот на неговата кариера, но овие зборови за неговиот случај се многу јасни и гласни.

Светскиот фудбал беше шокиран од настаните на Европското првенство, кога Кристијан Ериксен одеднаш падна на мечот Данска – Финска. Данскиот фудбалер колабираше во 43. минута од натпреварот , поради што лекарите се бореа за неговиот живот, а сега е откриено дека тој никогаш немал проблеми со срцето.

Колапсот на Ериксен ги шокираше сите присутни, како и гледачите на натпреварот ширум светот, а подоцна во текот на денот пристигна информација дека играчот за врска е во добра состојба и дека зборува нормално.

Сепак, според „Дејли меил“, откриено е дека Ериксен минувал медицински тестови секој пат во текот на претходните 11 години играње професионален фудбал.

Ериксен никогаш немал ниту еден проблем што може да укаже на срцеви проблеми, кои очигледно ги имаше на мечот против Финска, кога лекарите мораа да го реанимираат. Зборувајќи за „BBC“, д-р Сем Мохидин опиша што најверојатно се случило на теренот.

„Звучи како да имал успешна реанимација и да го вратил нормалниот ритам на срцето поради дефибрилација, но има и други работи низ кои ќе мора да помине. Идниот ризик за некоја личност зависи до одреден степен од прецизната причина за срцевиот застој“, рече Мохидин.

Од друга страна, добро познатиот професор по спортска кардиологија и доктор Санџеј Шарма вели дека прашање е дали Ериксен некогаш ќе игра фудбал.

„Не знам дали некогаш повторно ќе може да игра фудбал. Без премногу олеснувања, тој беше мртов, макар и на неколку минути, но мртов, па се поставува прашањето дали спортските професионалци ќе го пуштат да умре повторно? Одговорот е не“, јасно рече Шарма за агенцијата ПА, како што објави „Индипендент“.

„Мислам дека Фудбалскиот сојуз е многу строг во врска со тоа дали тие ќе играат повторно или не. Тие нема да играат во Велика Британија. Ние сме многу строги во врска со тоа“ , рече Шарма.

29-годишниот фудбалер беше изнесен на носилки од стадионот „Паркен“ по долго укажување на помош, со цел да се стабилизира неговата состојба во болницата. Неговите соиграчи го штитеа Ериксен за време на пренесувањето на телото, за да не се гледа неговата состојба, додека неговата девојка за време на шокантните сцени заврши на стадионот плачејќи од се што виде.

Натпреварот Данска – Финска подоцна беше продолжен, а Финците славеа со 1:0.