Од појавата на вирусот САРС-КоВ-2, експертите неуморно трагаат по адекватен начин на заштита што ќе спречи продирање на коронавирусот во носот и устата. Прво носевме хируршки маски, па се почесто памучни, а потоа и оние со филтри.

Епидемиолозите постојано ја истакнуваат важноста да се носат маски за време на пандемија, не исклучувајќи ги и вакцинираните против коронавирус.

Американската компанија Honeywell и раперот Will.i.am направија „паметна“ маска за лице која, како што тврдат, не само што штити од коронавирус, туку има и микрофон и слушалки, му овозможува на корисникот да слуша музика и да прима телефонски повици. , има LED ноќно светло … Покрај тоа, маската содржи неколку филтри, што е од особено значење во сегментот на заштита од патогени микроорганизми.