Сакам да потенцирам, бидејќи ќе ни треба подолго време за да создадеме колективен имунитет, единствено што ни останува е да работиме на сопствениот имунитет, објаснува виш науч. сор. д-р Драгица Зенделовска во интервјуто за „Слободен печат“.

Терминот колективен имунитет се однесува на состојба во која мнозинството лица во дадена заедница се заштитени од одредена заразна болест, или со прележување на таа болест, стекнувајќи специфичен имунитет или со вакцинација. Но кај нас, за жал, сè уште не може да зборуваме за масовна вакцинација. Што тогаш? Како вие гледате на градење на имунитетот и заштитата од вирусот?

– За добро функкционирање на имунолошкиот систем потребни ни се здрав начин на исхрана, добар стил на живеење, помалку стрес и добар сон. Исхраната е важен фактор ако се земе предвид дека преку неа можеме да внесеме многу компоненти кои ќе ја зголемат отпорноста кон различни вируси и бактерии. Всушност, ако имаме добро функционирање на имунолошкиот систем, шансите за подобар исходот на болеста се поголеми. И секако, да не се заборави  почитувањето на мерките за заштита од вирусот.

Се појавуваат случаи кога луѓе кои веќе прележале коронавирус подоцна повторно заболеле од вирусот, на што се должи тоа и како да се надмине?

– Ако се земе предвид можноста за мутација на вирусот, претходна инфекција со SARS-CoV-2 не значи и сигурна заштита од нова инфекција, но помала е веројатноста за развој на тешка инфекција. Понекогаш дури не станува збор за реинфекција, туку за заостанат тек на инфекцијата. Затоа покрај антителата, многу е важен имунитетот на клетките и во таа насока сè почесто во последно време се објавуваат студии за позитивното влијание на антиоксидансите, особено на витаминот Д, реиши печурката, резвератрол, сулфорафан, мелатонин во превенција и третман кај пациенти со ковид-19.

Дали имунитетот може брзо да се обнови после едно заболување, односно брзо да се подигне и како?

– Ако сте излечени, не значи и дека сте оздравени. Сега по една година од почетокот на пандемијата, сè почесто ќе се зборува за долг ковид или постковид синдром, кој се јавува како последица на ковид-19 со симптоми како главоболка, замор, потење, кашлање, проблеми со памтење, оштетување на срцевиот мускул, фиброза на бели дробови, анксиозност, депресија, кои ќе бараат подолга рехабилитација со мултидисциплинарен пристап. Овој синдром може да остави трајни последици на здравјето. Затоа еден од комплексните препарати кој најчесто го препорачувам и во насока на превенција, но и како пропратна терапија  е Ge 132+ Natural, кој содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време се таргет на голем број истражувања. Компонентите на овој препарат екстракт од печурката реиши со висока концентрација на хетеро-b-D-глукани (важни за стимулирање и модулација на имунолошкиот систем), матичен млеч кој има антибактериска и антивирусна активност, резвератрол (го штити срцето, крвните садови, го намалува холестеролот, ја инхибира тромбоцитната агрегација и има силна антиоксидативна и имуномодулаторна активност), ликопен (антиоксидант кој го врзува кислородот), сулфорафан (вклучен во клинички испитувања кај заболени од ковид-19).

Ge 132+ Natural има силна антиоксидативна активност (силно ја намалува продукцијата на слободни радикали), висок антиинфламаторен потенцијал и може да се каже дека е терапевтски корисен кај третман на болести кои имаат инфламаторна природа, ја подобрува општата здравствена состојба, придонесува за јакнење на имунолошкиот систем, дава антивирусна и антибактериска активност, поволно делува на срцето и крвните садови и го регенерира рековалесцентниот организам.

На крај, сакам да потенцирам, бидејќи ќе ни треба подолго време за да создадеме колективен имунитет, единствено што ни останува е да работиме на сопствениот имунитет.

Еден од комплексните препарати кој најчесто го препорачувам и во насока на превенција, но и како пропратна терапија е Ge 132+ Natural, кој содржи компоненти кои во изминативе години, а и во последно време се таргет на голем број на истажувања.

(комерцијален текст)