Токсикологот Андон Чибишев од Клиниката за токсикологија рече дека амонијакот е исклучително токсичен и ако се вдише може да предизвика комплкации, и лекувањето е тешко и долготрајно.

Градоначалникот на Пирот Владан Васиќ синоќа прогласи вонредна состојба во тој град во Србија, откако два вагони-цистерни од воз кој превезувал амонијак се лизнале и паднале во реката Нишава кај Сопотски хан.

Како што објави пиротскиот портал Плусонлајн.рс, 51 лице е хоспитализирано со симптоми на труење поради истекување на гас и висока концентрација на амонијак во воздухот, а поради прогласувањето вонредна состојба училиштата во Пирот денес нема да работат.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.