Вакцината штити од ковид и со неа е многу полесно да се функционира. Минатото лето немавме вакцина, а сега кога ја имаме, нема голем интерес за неа. Она што е многу важно е граѓаните да се вакцинираат, па и децата постари од 12 години, вели д-р Александар Стојанов, епидемиолог и поранешен директор на Центарот за јавно здравје и поранешен член на Комисијата за заштита од заразни болести за „Мета“.

Тој  вели дека и вакцинираните лица треба да внимаваат на себе и на тоа каде се движат.

Луѓето треба да се вакцинираат, но во исто време и да избегнуваат да се движат во гужви. Видете што се случува, не е дозволиво да има свадби, концерти, олимписки игри, финалиња во европски фудбал, Вембли. Недозволиво е да има масовни собири. Сега овде постојат два фронта, едниот е економскиот, другиот е здравствениот. Според моите информации, Комисијата за заштита од заразни болести уште пред три недели ги има дадено истиве препораки, но Кризниот штаб во Владата не сакаше да ги усвои. Дојдени се гастербајтери кај нас, се организираат свадби, а дали ќе има болни – не беше важно. Сега, бидејќи сме во фаза кога веќе нема играње и бидејќи очигледно не е доволна вакцинацијата, мораше да се усвојат овие мерки и рестрикции, вели д-р Стојанов.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.