Пожар кај бензинската пумпа на „Окта“ во село Дељадровце, Скопско, е пријавен попладнево на Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи – ЦУК.
Како што соопштија од ЦУК, според првични информации, гори нискостеблеста шума и друга ниска вегетација.
-По дојавата на 112 во ЦУК, веднаш е алармирана и веќе е на терен Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје која во моментот интервенира за да го локализира и да го изгасне пожарот на отворено. При гасењето помагаат и мештаните со трактори за да го пресечат пожарот на површината кон којашто се движи пламенот, наведуваат од ЦУК.