Советот на нутриционистката Цвета Динева за здрав и среќен живот е секој ден да се консумира задолжително вода, свежо овошје и свеж зеленчук. Вели, влези во ВОЗ – тоа се првте букви од вода, овошје и зеленчук, за да патуваш удобно во животот.

Цвета Динева е родена на празничен ден, на 1 мај, во 1954 година во Скопје. Нејзините родители биле пресреќни дека се родила токму на тој ден – во тоа време празникот се празнувал со дефилеа на плоштад и на стадиони низ цела поранешна Југославија. Израснала во Берово, на чист воздух, во прекрасна природна средина. Апсолвирала на Елекротехничкиот факултет во Скопје.

Сфатив дека со здравата исхрана не само што се регулира телесната тежина, туку се подобрува и здравјето. Крвниот притисок ми се регулираше, синдромот мениер не ми правеше многу проблеми, а артритисот се стави во мирување.

– За кусо време влегов во брачни води со мојот животен сопатник Драган Динев – другар од клупа од прва година гимназија. По две години брак следеа моите рожби. Прво син ми Коста, па ќерка ми Ева, и на крај „сугарката“ Бојче. Моите деца носат имиња од родителите на мојот сопруг и на мојата мајка. Ева е мајка на моите прекрасни внучиња Драган и Симона, а Бојче е мајка на Антонија – нашата мала принцеза, која со секоја средба ни го разубавува животот, но на пат е и друго бебенце. Многу сакам и син ми Коста да си ја најде својата сродна душа со која ќе си создаде семејство, да биде среќен и исполнет – ни вели Цвета. 

Што работевте и каков живот водевте пред да станете нутриционистка?

Се вработив на мои повозрасни години, а дотогаш бев посветена на семејството и децата. По Коста, за две години се роди Ева и по 20 месеци се роди Бојче. Со Ева имавме борба со астмата од нејзина шестмесечна возраст и максимално ја „избоксувавме“ таа борба по природен пат, во потрага по чист воздух во Берово, Охрид, Дојран, Отешево, дури и во Хрватска и на многу други места. Користевме и беровски мед од бор, од брица – на беровски, многу внимававме на исхраната. Денес Ева нема никакви проблеми со астмата.

Прво се вработив како службеник во „Југосуровина“ и набргу потоа преминав во приватна фирма. Мојот немирен и креативен дух ме натера да отворам своја фирма за трговија, но тоа беше работа во која се губеа многу нерви, голем стрес, многу патувања, па како одминуваше времето станував сè посвесна дека треба нешто да менувам.

Препознавате ли конкретен момент кој Ве натера да ја промените својата професија и да станете нутриционистка?

– Се преморив од правење преголеми жртви за бизнисот и решив нешто да менувам. Во тој период се запознав со Тања Турунџиева, и ми предложи да работиме на диети за слабеење. Отворивме „Вита диет клуб“ и почнавме да работиме. Набргу сфатив дека со здравата исхрана, не само што се регулира телесната тежина, туку се подобрува и здравјето. Крвниот притисок ми се регулираше, синдромот мениер – не ми правеше многу проблеми, а артритот се стави во мирување. Па така почнав многу, ама баш многу да читам литература за оваа област  и да навлегувам во тајните на здравата исхрана. Почнав да подготвувам специјални програми за разни состојби на организмот. Инаку, студирав на „Глобал колеџ“ во Калифорија, САД, (Global College of Natural Medicine). Добив диплома за сертицифиран консултант за исхрана во 2010 година. Во 2016 година го издадов првото издание на мојата книга од 1.500 копии, а во 2017 година веќе и второто издание во истиот тираж. Оваа книга е сублимат на она што го работам сиве овие години. Неодамна излезе и „Прирачникот за здрава исхрана при состојба на Мултипла склероза“, кој се дава бесплатно на сите кои имаат ваков проблем. Од неодамна почнав со снимање на кулинарско шоу што ќе се емитува  на Алсат ТВ – секоја недела во 15.15 часот и на социјалните мрежи. Тука ќе се споделуваат рецепти за здраво подготвени и многу вкусни јадења.

Можете ли да одвоите најголем успех и најголем неуспех во третирањето на здравствени проблеми со здравата исхрана?   

– Поминати се и минуваат илјадници членови во „ЦД диет клубот“, секој со своја приказна, и мислам дека најважно од сè е секој да биде примен како личност, да си навлезе во неговата душа, е тогаш може да се работи со доверба за да се помогне во дадената ситуација. Успеси поврзани со подобрување на здраствена состојба има многу, многу. Со здравата исхрана многумина успејаа да станат родители, многумина се изборија со вишокот килограми, со холестероли, триглицериди.. Но, и со многу тешки дијагнози како малигни заболувања, автоимуни заболувања, хронични болести. Има огромен број успешни приказни, но кога ќе се успее во борба против канцерот, особено метастазиран, е тоа е нешто посебно. Или, на жена на која по повеќе „ин витра“ обиди ѝ се кажало дека нема да може да биде мајка со своите јајце-клетки, по три месеци со здрава исхрана остана бремена и тоа детенце има сега две години. Во мојата книга има и сведоштва на многу приказни од мои членови. Можеби ќе звучи невистинито – но неуспех нема.

Кажете ни, која храна влијае против појавата на негативни психички состојби, како на пример: депресија, стрес, несоница, агресија, а која храна помага во лачењето на хормонте за добро расположение?

Здравата исхрана, редовната физичка активност, легнување околу 22-23 часот за да се создава доволно мелатонин, слушање убава музика, дружби со позитивни луѓе, правење добро некому секојдневно – ете ги предусловите за добар хормонален статус. Секојдневно внес на процесуирана храна и во несоодветно време како што се ноќните часови, цигарите, претеран внес на алкохол – еве причини за зголемување на ниво на кортизол и адреналин, односно за стрес.