Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека вечерва до 19 часот нема активни пожари.
Пожарот во селата Вапила и Сирула, охридско, е локализиран во 14:50 часот.
ЦУК информира дека се изгаснати уште три други пожари.
-Изгаснати се пожарите во кумановското село Сопот, каде беше запалена шума. Од 16:00 до 19:00 часот интервенирано е со едно возило и пет пожарникари. Пожарот од 10:25 часот што избувна кај бензиска пума Детоил во Куманово, каде гореше сува трева, е изгаснат во 11:10 часот со едно возило и четири пожарникари. Пожарот во кумановското село Шупли Камен, каде гореше сува трева, е изгаснат во 14:40 со едно возило и четири пожарникари,  наведува ЦУК.