Дарко Чурлинов и неговиот тим Барнли ќе гостуваат на „Eтихад“ и ќе играат против актуелниот првак Манчестер Сити во четвртфиналето на ФА купот на Англија.

Ќе биде тоа голем предизвик за Барнли, чиј менаџер Винсен Компани е поранешен капитен на „граѓаните“.

Манчестер Јунајтед за противник го доби Фулам, а Брајтон ќе биде домаќин на четвртолигашот Гримзби. Шефилд Јунајтед и Блекбурн ќе имаат меѓусебна пресметка во ова натпреварување./Makфудбал

Прикажи повеќе