Денес и утре на Светското првенство во Катар ќе се одиграат четвртфиналните натпревари. Медиумите, вообичаено се занимаваат со исходот од четвртфиналните дуели во Катар. Британскиот јавен сервис Би-би-си, редовно ги прогнозира резултатите од најважните спортски настани. Овој пат ги анализираа овие четвртфинални натпревари.

Advertisements

Во улога на прогнозер и аналитичар се најде, Крис Сатон беше поранешен играч на Блекбурн, Челзи и Селтик…

Досега, Сатон погоди 12 од 16 учесници во осминафиналето. Тој предвидува дека Англија ќе испадне од Франција и дека триколорите ќе ја одбранат титулата освоена пред четири години во Русија. Поранешниот голгетер предвидува крај за Меси и Аргентина, а верува дека Мароко ќе приреди уште една сензација. Исто така Сатон смета дека Бразил лесно ќе ја совлада Хрватска.

Неговото предвидување за сите четири натпревари:

Хрватска – Бразил 0:3

Холандија – Аргентина 2:1

Мароко – Португалија 1:0

Англија – Франција 1:2

Прикажи повеќе