Премиерот Димитар Ковачевски упати честитки до Реџеп Таип Ердоган, за новиот претседателски мандат.

-Големото и традиционално пријателство помеѓу Северна Македонија и Турција продолжуваме да го развиваме на билатерален економски план и во рамки на партнерството во НАТО. Пред нас се предизвиците на глобален план и уверен сум дека како и досега, ќе работиме заедно и со уште поголема посветеност на сигурноста и стабилноста на регионот и Европа и мирот во светот, напиша Ковачевски во објава на Фејсбук.