Чешка, која претседава со Европската унија размислува за свикување итен самит за енергија поради неконтролирани цени на електричната енергија, изјави денеска министерот за индустрија и трговија Јозеф Сикела. „Имате европски пазар и европски проблем, тогаш наједноставното решение се бара на европско ниво“, рече тој, наведувајќи дека на самитот би требало да се поддржи регулирање на цените на струјата и поставување на горна граница за поскапување.

Ниту конзервативниот премиер Петр Фијала повеќе не ја отфрла регулацијата на цените, кој синоќа по средбата со претседателот Милош Земан изјави дека развојот на цените на струјата ги надминува и најлошите очекувања. Последен пат кога цената на струјата дивееше беше кога Русија објави дека накратко ќе ја запре испораката на гас преку гасоводот Северен тек, а веднаш по викендот, во понеделникот, цената на струјата на берзата во Лајпциг го надмина историскиот рекорд од 700 евра за мегават час.

Прикажи повеќе