Англискиот премиерлигаш Челси брзо ќе ја изврши промената на менаџерската позиција. Еден ден по разделбата со Томас Тухел, на „Стемфорд бриџ“ би можел да пристигне новиот тренер. Речиси се е договорено со се уште актуелниот менаџер на Брајтон, Грем Потер.

Тој треба да биде наследникот на Тухел и се очекува да биде промовиран во текот на денешниот ден, откриваат медиумите на Островот.

Челси побара од Брајтон и доби дозвола за преговори со Грем Потер, а како отштета ќе треба да плати околу 18 милиони евра. Ако на тоа се додадат и околу 20 милиони евра кои Челси треба да ги исплати на Томас Тухел и неговиот стручен штаб за предвремен раскин на договорот, тогаш јасно е дека Тод Боели добро ќе го одврзе ќесето за оваа менацерска промена во клубот.

Интересно е дека Грем Потер никогаш не водел клуб со големи амбиции во Премиер – лигата, ниту пак има искуство во Лигата на шампионите.

Прикажи повеќе