Ако сакате медењаци и чизкејк, тогаш сигурно ќе сакате и чизкејк со вкус на медењаци. Пред нас е празничната сезона во која сме искушувани од мирисите на цимет, каранфилче, ѓумбир, анасон и други зачини. Кога сите ќе се најдат во убав кремаст десерт, задоволството е загарантирано.

СОСТОЈКИ ЗА ПОДЛОГАТА:

– 200 гр петит бисквити
– 120 гр путер

СОСТОЈКИ ЗА КРЕМОТ:

– 500 гр крем сирење
– 2 јајца
– 4 лажици шеќер
– 2 лажички екстракт од ванила или 1 ванилин шеќер
– 1 лажичка смеса за зачини за десерт (цимет, каранфилче итн.)

ПОДГОТОВКА НА ЧИЗКЕЈКОТ:

1. Сите состојки за кремот се ставаат во сад и се мешаат додека не се соединат сите и смесата биде компактна.

2. Бисквитите се мелеат и се мешаат со шеќерот и растопениот путер. Најдобро е сето добро да се измеша со рака за путерот и бисквитите убаво да се соединат. Потоа смесата префрлете ја во калап за печење, распоредете ја и притиснете.

3. Загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови и печете ја основата 10 минути. По 10 минути (внимавајте подлогата да не се загори) намалете ја температурата на 170 Целзиусови степени, извадете ја основата, веднаш прелијте со крем сирењето, израмнете малку и вратете ја во рерна.

4. Печете 20 минути и потоа извадете ја тортата од рерна. Оставете го целосно да се излади на собна температура, а потоа префрлете го во фрижидер преку ноќ.

Добар апетит!