Барселона вечерва го пречекува Интер на „Камп Ноу“ и има императив за победа во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант има три бода од три натпревари во „групата на смртта“, а загуби од Интер во Милано.

„Немаме друг избор освен победа. Едноставно немаме право на грешка. Овој меч е како финале за нас и треба да дадеме сè од себе. Се надеваме и на помош од навивачите“, изјави тренерот на Барселона, Чави Хернандез.

Во „групата на смртта“, Баерн Минхен има максимални 9 бода, Интер е на втората позиција со шест, а Барселона има три. Плзен кој денеска е домаќин на Баерн, засега е без бодови.

Прикажи повеќе