Жаклина Чагороска од Националниот електронски систем „Мој термин“ во емисијата 24 анализа рече дека во моментов се вакцинираат граѓаните во групата над 70 години и се надеваат дека таа граница ќе се поместува. Денешните бројки се 45 000 вакцинирани лица со првата доза и веќе се врши ревакцинација.

Секогаш информираме и за бројката на заинтересирани лица за вакцинација и денес бројката е над 190 000. Главните бројки се од сајтот вакцинација.мк. Има се уште количини од Астра Зенека и во тек е вакцинацијата со Фајзер и ги чекаме кинеските вакцини, најавени се дека ќе пристигнат на 28 април и на Фајзер и на вакцините Астра Зенека од ковакс системот, вели Чагороска.

Чагороска вели дека неточните броеви оставени во досието на пациентот, изминатиот период има помалку дојдени пациенти.

Ќе се понуди вакцината која е достапна во моментот. Предвидено е да се вакцинира и онаа помлада група на пациенти со хронични болести. За лицата кои се дома и не може да дојдат, како се пријавуваат, оди екипа дома и ги вакцинира.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.