Претседателството на германската владејачка партија ЦДУ го поддржа Армин Лашет во кандидатурата за канцелар на парламентарните избори во септември. По шестчасовен работен состанок, Лашет ја доби поддршката од 77,5 проценти од гласовите на членовите на највисокото партиско тело.

Од 46 члена на претседателството, 31 член гласаа за Лашет, девет беа за неговиот против кандидат, лидерот на ЦСУ – Маркус Зедер, а шестмина беа воздржани.

– Advertisement –

По неуспешните обиди за време на викендот двајцата претседатели да постигнат меѓусебен договор за тоа кој од двајцата претставници на демохристијанската коалиција ќе биде кандидат за функцијата канцелар, Зедер вчера соопшти дека одлуката ќе зависи од претседателството на ЦДУ, поголемата партија од двете во Унијата.

Армин Лашет е премиер на Северна Рајна-Вестфалија и претседател на ЦДУ од јануари годинава, додека Маркус Зедер е шеф на баварската сестринска партија ЦСУ и премиер на Баварија. Иако ЦСУ, помалиот коалициски партнер ја претставува демохристијанската опција во Баварија, а ЦДУ во другите 15 германски покраини, Зедер инсистираше на своја кандидатура поради подобриот рејтинг на анкетите.

Прикажи повеќе