Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс, постави нов рекорд во историјата на дуелите против Реал Мадрид со неговото учество во првиот полуфинален натпревар од Купот на Кралот. За играчот од средниот ред тоа беше 46. настап на „Ел Класико“, со кое поставува нов рекорд.

Досега тој, Лионел Меси и Серхио Рамос имаа по 45 натпревари меѓу Реал Мадрид и Барселона.

Шпанецот ќе има можност да го зголеми рекордот, бидејќи во текот на следниот месец ќе има уште две изданија на најголемото дерби во шпанскиот фудбал. Првенствената пресметка во Ла Лига е закажана за 19. март,а реваншот од Купот на Шпанија на 5. април.

Барселона синоќа славеше против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-1, со автоголот на Едгар Милитао во 27.минута./Makfudbal/

Прикажи повеќе