Капитенот на Барселона, Серхио Бускетс одлучил да го напушти клубот на крајот на сезоната. „Ел Национал“, пренесува дека Бускетс кариерата ќе ја продолжи во САД. Бускетс веќе го известил претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за своите намери. Поранешниот шпански репрезентативец му порачал на првиот човек на Барселона дека не сака да го продолжи договорот со тимот од Ноу Камп.

Шпанските медиуми пренесуваат дека капитенот на каталонскиот клуб има понуда да ја продолжи кариерата во Интер од Мајами.

Бускетс (34) е член на Барселона од 2005 година, а за првиот тим на каталонскиот клуб одигра 709 натпревари и постигна 18 голови. Со клубот освои 31 трофеј. За шпанската репрезентација настапи на 143 натпревари и двапати се запиша во листата на стрелци. Со Шпанија го освои Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година./Makfax/

Прикажи повеќе