Искусниот италијански голман Џанлуиџи Буфон се враќа во Парма.

Скај Спорт Италија објави дека Буфон се врати во Парма и дека потпиша договор со тимот кој од следната сезона ќе се натпреварува во Серија Б.

Иако има 43 години, Буфон сепак сака да брани и по 26 години се враќа таму каде што започна сè.

Тој, наводно, договорил едногодишна соработка со Парма и сега само чекаме официјализирање на трансферот. Тој доаѓа од Јувентус во слободен трансфер, односно без обештетување.

Во текот на својата кариера, Буфон бранеше за Парма, Јувентус и кратко за ПСЖ, а тој бранеше 176 пати на голот на Италија и е рекордер.

Со Парма во нејзиното златно време ги освои Купот на Италија, Суперкупот на Италија и Купот на УЕФА, а потоа со Јувентус освои дури 10 Скудета. Единственото нешто што не успеа да го освои беше Лигата на шампионите иако играше во три финалиња.