Џанлуиџи Буфон сè уште не размислува за пензија.

Буфон е на ниво подолго време и иако влезе во својата петта деценија, тоа не е проблем за него.

Тој во моментов е на голот на Јувентус, а италијанските медиуми пренесуваат дека ќе склучи уште еден договор на крајот на сезоната.

Буфон сака да се обиде во странство, но нема да донесе одлука пред крајот на шампионатот.

Оваа сезона, Буфон бранеше на пет натпревари во Серија, и четири во Купот на Италија.

Меѓу стативите треба да се најде во финалето на купот против Аталанта.