Угледниот италијански весник „Газета дело Спорт“ објави дека Џанлуиџи Буфон објави вест дека по завршувањето на сезоната ќе го напушти Јувентус. Сепак искусниот голман не планира да се пензионира, туку планира да се врати во клубот каде започна неговата блескава кариера.

„Газета“ пишува дека Буфон веќе го информриал раководството за неговата одлука. Се шпекулира дека Буфон преговара со Парма каде што ја започна кариерата во 1995 година.