Легендарниот Џанлуиџи Буфон денес потврди дека ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона.

43-годишниот голман пристигна во Јувентус пред 20 години и имаше само кратка авантура кога во сезоната 2018/19 бранеше во дресот на ПСЖ. Тогаш се очекуваше да ја заврши кариерата, но Џиџи реши да се врати во Јувентус летото 2019 година.

Буфон потпиша договор со Старата дама до крајот на оваа сезона и се шпекулираше дека следната сезона може да биде дел од првиот тим на Јувентус, но денес потврди дека тоа нема да се случи.

Легендарниот голман потврди за „beIN Sport“ дека ќе го напушти Јувентус на крајот на оваа година, но се уште не потврди дали тоа ќе значи крај на неговата кариера.

„Мојата иднина е јасна и дефинирана. Ова убаво и долгогодишно искуство со Јувентус е при крај ова лето. Ако има понуда што ме мотивира и ми даде ново искуство, тогаш ќе размислам за тоа и нема да ја завршам кариерата, но сè уште не е решено“– рече Буфон, додавајќи:

„Се чувствувам како да дадов се што имав на Јувентус. Добив повеќе од клубот отколку што можев и ова е едноставно максимумот во таа врска. Стигнавме до крајот на кругот и тоа е правилна одлука за еден од нас да го напушти тој круг“.

Буфон се појави во дресот на Парма, за кој дебитираше во 1994 година. По седум одлични сезони во овој клуб, тој потпиша за Јувентус.

Старата дама знаеше за каков голман станува збор и пред 20 години издвоија рекордни 53 милиони евра за Буфон.

Буфон досега во својата кариера има одиграно 683 натпревари за Јувентус, додека за Парма одигра 220 натпревари. Што се однесува до сезоната во ПСЖ, тој таму настапи на 25 настапи.

Тој остави голема трага и во италијанската репрезентација со која беше светски шампион во 2006 година. Во дресот на „Азурите“, Буфон забележа 176 настапи.