Според изборот на „Газета дело Спорт“, најдобар голман на сите времиња и Џанлуиџи Буфон.

Кон крајот на минатата година реномираниот магазин „Франс фудбал“ го избра идеалниот тим на сите времиња и како најдобар голман е избран Лав Јашин, италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ си најправи свој избор на најдобар голман во историјата.

Така италијанскиот весник повика 18 голмани од 18 држави, а меѓу нив беа Мануел Ноер, Жулио Цезар, Петер Шмајхел и во нивниот избор највеќе гласови доби Џанлуиџи Буфон,  вкупно седум.

Зад него и Лав Јашин со пет гласа, а на третото место заврши Дино Ѕоф со два гласа.
По еден глас добија Гордон Бенкс, Икер Касиљас, Сеп Маер, Ладислао Мазуркијевич, Рожерио Сени, Клаудио Тафарел и Петер Шмајхел.

– Буфон е неверојатен и за мене секогаш претставува пример, не само на теренот со неверојатните рефлекси туку и со карактерот надвор од него – изјави голманот на Баерн, Мануел Ноер, кој својот глас го даде за Јашин и Буфон.