Звезда на полувреме водеше со 42:39, тимот на Дејан Радоњиќ имаше и двоцифрена предност (68:58), а Будуќност остана и без Вили Рид кој се повреди.

Кошаркарите на Црвена Звезда не успеаја во Подгорица да ја слават новата титула во АБА-лигата, откако во повеќе од драматичен натпревар доживеаја пораз од 81-80 од Будуќност буквално во последните секунди од мечот.

Па така на 28 мај во Белград ќе се игра „мајсторката“ и победникот ќе биде шампион на АБА лигата.