Во последниот натпревар од 24. коло во Првата македонска фудбалска лига денеска на Автокоманда, Скопје ќе го пречека Шкендија во обидот за одлепување од Победа на последната позиција на табелата.

Меѓутоа, бодовите и тоа како се неопходни и за Шкендија која и натаму не се откажува од шампионската трка. Тетовци сакаат најпрво загрозување на второто место на Шкупи. Ако Шкендија победи денеска со Скопје ќе биде на само еден бод од второпласираните чаирчани.

„Не смееме опуштено да му пристапиме на натпреварот, затоа што знаеме дека воопшто нема да биде лесно. Како и на секој друг натпревар секако ќе играме максимално. Одиме во Скопје по трите бода и верувам дека ќе се вратиме со победа во Тетово“ – вели фудбалерот од средниот ред на Шкендија, Бруно Дита.

Прикажи повеќе