Бројот на жртвите од земјотресот во јужна Турција и северозападна Сирија надмина 24.150 луѓе.

Спасувачите во Турција извлекоа две живи жени од урнатините на урнати згради, откако биле заробени 122 часа.

Шеесет и седум лица беа извлечени од урнатините во претходните 24 часа, изјави во текот на ноќта турскиот потпретседател Фуат Октај.

Тој додаде дека околу 80.000 луѓе биле лекувани во болница, додека 1,05 милиони останале без покрив над главата поради земјотресот и се сместени во привремени засолништа.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 10 февруари ја посети турската провинција Адијаман, каде што призна дека одговорот на владата не бил толку брз како што можел да биде.

„Иако моментално го имаме најголемиот тим за пребарување и спасување во светот, реалноста е дека потрагата не е толку брза како што би сакале“, рече тој.

Сирискиот претседател Башар ал Асад отпатува во погодените области за прв пат по земјотресот, во посета на болница во Алепо, објавија државните медиуми./slobodnaevropa/