Бизнисот продолжува да е сфера во која доминираат мажите. Во нашето општество сè уште е тешко да се види жена во улога на лидер. Анализата на Заводот за статистика, која се спроведува на секои две години, покажува дека во текот на 2019 година во урбаните и руралните области има околу 17 илјади жени самовработени или кои имаат вработен друг персонал, додека бројот за мажите е околу 80 илјади.

„Жената нема храброст да конкурира, бидејќи од страна на општеството, од страна на околината сè уште има феномен кој не е нормален, се смета дека само мажот е тој што може да отвори бизнис, во тој момент жената застанува. Политиката дури и не учествува, јас зборувам за нашите политичари Албанци. Немаме никаква помош“, рече Џане Крешова- Здружение на жени претприемачи.

– Advertisement –

Станка Мартиновска, по 23 години ангажман во голема фармацевтска компанија, реши да отвори личен бизнис. И покрај тешкотиите, вели дека не жали за својата одлука.

Калина Велковска е единствената жена ангажирана во управните тела на Здружението за унапредување на правата на музичарите. Таа вели дека нејзиниот ангажман на ваква функција била проследен со коментари.

Валентина Дескоска од Здружението на жени во бизнис, вели дека деловните активности управувани од жени биле погодени уште повеќе од пандемијата, пред се поради видот на бизнисите што тие главно ги поседуваат.

Бројот на жени лидери е помал не само во приватниот сектор, туку и во државните институции, каде што мажите ги имаат најважните позиции.

Еви Шкопи