Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека со денешната пратка од 46.800 вакцини од компанијата Фајзер, а пратката од 50.000 вакцини на Спутник, што утрово пристигнала во Белгради, во Србија досега се испорачани вкупно два милиона вакцини, јави допсиникот на МИА од Белград.

Брнабиќ, пренесе МИА, за ТВ Хепи посочи дека Србија има потпишано договори за набавка на 12.332.200 вакцини, од кои пристигнале околу два милиони и дека за испорака останале околу 10 милиони вакцини. Таа очекува во текот на март да пристигнат околу 600 000 дози.

– Advertisement –

Прикажи повеќе