Варијантата на коронавирусот првпат откриена во Велика Британија е доминантна во Германија, каде што во дури 72 проценти од случаите е причина за болеста Ковид-19.

Институтот Роберт Кох соопшти дека 72 проценти од позитивните тестови го потврдиле британскиот сој, што, како што посочуваат од таа институција, е причина за голема загриженост.

Минатата недела, соодносот на британската варијанта во позитивните тестови беше околу 55 проценти.

– По Велигден, ќе ја имаме ситуација што беше регистрирана околу Божик, предупреди вирологот Кристијан Достен за ТВ НДР.

Поради мутацијата на вирусот, ситуацијата драстично ќе се влоши, додаде тој, нагласувајќи дека станува особено опасно за невакцинирани лица постари од 50 години.