Британскиот премиер Борис Џонсон и министерот за финансии, Риши Сунак, ќе бидат под ограничен распоред за работа и ќе бидат подложени на секојдневно тестирање на ковид-19, откако службите утврдиле дека биле во контакт со лице заразено со коронавирус, е наведено во соопштение од Кабинетот на премиерот.

Advertisements

Претходниот ден, министерот за здравство Саџид Џавид објави дека бил позитивен на ковид -19. Џонсон и Сунак ќе учествуваат во пилот-програма што ќе им овозможи да продолжат да работат од своите канцеларии и да се самоизолираат за време на неработното време.

„Тие ќе учествуваат во пилотот за секојдневно тестирање контакти за да им овозможат да продолжат да работат од Даунинг стрит. Тие ќе вршат суштински владини активности во овој период“, се вели во владиното соопштение.

Британската влада планира да продолжи со укинување на речиси сите ограничувања кои беа наметнати поради ширењето на коронавирусот, и покрај фактот што бројот на ново инфицирани повторно расте.

Прикажи повеќе