Спортскиот свет е во шок откако 14-годишната пливачка Маријана Франклин Фереира почина од коронавирус, пренесува шпанската „Марка“.

Младата бразилска пливачка се опорави од коронавирусот пред еден месец, но повторно почна да покажува симптоми пред да биде префрлена во болница во Президенте Пруденте.

Мајката на Маријана решила да ја однесе во болница. Потврдено е дека повторно има позитивен тест на ковид-19 и дека ѝ се оштетени белите дробови.

Нејзината состојба се чинеше стабилна, но, само 24 часа подоцна, доживеа два срцеви удари. Лекарите ја спасиле по првиот, но не и по вториот.

Таа настапи на турнирот во Сантос на 9 и 10 декември, но чувствуваше болка во телото и главата, а по пристигнувањето дома, овие симптоми се влошуваа.