Бостон Селтикс славеа пред своите гледачи по продолжението против Голден Стејт со 121:118 и со тоа го забележаа осмиот триумф во низа. Стеф Кари погоди на 28 секунди до крајот на регуларниот дел за водство на Вориорс од 106:103, а со тројката на Џејлин Браун на 18,6 секунди до крајот, лидерот на Истокот израмни.

Кари се обиде за тројка на 1,8 до крајот, Браун ја фати топката и мечот отиде во продолжение. Во него Бостон, поддржан од поддршката од трибините, беше посигурен и поубедлив, тој дел го доби со 15:12 и ја заврши работата. Натпреварот беше изедначен од почетокот, а во победничкиот тим најефикасен беше Џејсон Тејтум кој го одигра целиот меч и постигна 34 поени со неверојатни 19 скока и шест асистенции. Ал Хорфорд додаде 20, Маркус Смарт 18, Џејлин Браун 16, а Малколм Брогдон 14 поени. Кај Вориорси најдобар беше Стеф Кари со 29 поени со седум асистенции, Клеј Томпсон додаде 24, исто толку колку и Џордан Пул, додека Ендрју Вигинс натпреварот го заврши со 20 поени.

Кошаркарите на Феникс славеа против Бруклин, 117:112. Во последната четвртина влегоа со резултат 96:74, а Бруклин намали до негатива од 114:112. Сепак, „сонцата“ ги задржаа нервите и успеаја да победат, првпат по серијата од три порази. Кај Санс најдобри беа Микал Бриџис со 28, Деандре Ајтон со 24 поени и 14 скока и Камерон Џонсон со 19 поени.

На другата страна, Ирвинг постигна 30 поени, Ник Клакстон додаде 20, а Сет Кари имаше 16 поени.

Филаделфија победи и против Портланд со 105:95. До победата ги предводеше Џоел Ембиид, кој мечот го заврши со 32 поени, девет скока и две асистенции. Џејмс Харден додаде 16, а Тајрис Макси имаше еден поен помалку.Кај Блејзерс, Демијан Лилард беше предводник со 25, а Џереми Грант постигна 24 поени./Makfax/

Резултати:

Бостон – Голден Стејт 121:118,

Минесота – Торонто 128;126,

Феникс – Бруклин 117:112,

Портланд – Филаделфија 95:105.