Борусија Дортмунд ја одби понудата на Челзи за Ерлинг Халанд, тврди Sky Sports.

Актуелниот европски шампион испрати понуда за 21-годишниот напаѓач, а тие понудија пари плус Тами Абрахам или Калум Хадсон-Одои. Борусија не ја прифати оваа понуда.

Челзи силно сака да го засили нападот за новата сезона. Тие сакаат играч кој е вистински стрелец, а менаџерот, Томас Тухел, Халанд го смета за идеален за неговиот тим.

Сепак, првата понуда од Лондон не беше доволна за да го убеди раководството на Борусија. Челзи ќе мора да испроба поголема понуда, и сигурно ќе го стори тоа.

Норвешкиот напаѓач одигра чудесно во дресот на тимот од Дортмунд минатата сезона и постигна 41 погодок на 41 настап, а клубот е јасен на својата позиција дека сака да го види во жолтиот дрес.

Идниот директор на фудбалот во Борусија, Себастијан Кел, јасно изјави дека го сака норвешкиот напаѓач во тимот.

“Прочитав за понудата од 175 милиони евра, но ништо не се смени за нас. Планираме следната сезона со Халанд, а тој и неговиот агент се запознати со тоа”, рече Кел.

Доколку не успеат да го донесат Халанд, други опции за Челзи се Ромелу Лукаку и Хари Кејн, но дури и тие трансфери ќе биде многу тешко да се завршат ова лето.