Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) откако ќе го добие писмениот извештај од Комисијата за верификација за случајот „спорна регистрација за фудбалер на ФК Гостивар”, ќе одлучува по случајот согласно прописите од правилникот за натпреварување.
Седницата на која Натпреварувачката Kомисија ќе одлучува е закажана во петок, 24. февруари.
Изминатиот викенд Локомотива од Пехчево поднесе жалба за настапот на Гордијан Христовски за екипата на Гостивар. Според нив Христовски немал право на настап на овој натпревар.
Фото/ KFGostivari