Еден од најтешко болните пациенти со цистична фиброза, Благојче Илиевски денеска ја изгуби најважната битка со болеста. Тој беше еден од пациенти кои гласно говореа за нивниот проблем и бараа да биде набавен лекот „трикафта“ со цел да водат нормален живот.

-Згасна еден живот- згасна еден свет! Асоцијацијата за цистична фиброза со преголема тага и скршеност известува дека денеска изгуби еден свој соборец, кој до последен здив веруваше дека ќе ја дочека новата терапија со Трикафта, надеж која заедно со него ја крепевме со последните атоми, стотина пациенти во државата, главно деца и млади со ЦФ, објавија од Асоцијацијата на Фејсбук.