Вицепремиерот за економски прашања и член на СДСМ, Фатмир Битиќи преку социјалните мрежи испрати порака до Гордана Силјановска-Давкова, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Имено, во Собранието на дневен ред беше Законот за македонски јазик, со чии измени се предвидуваше законски промени и одредници за негово унапредување. Сепак, 36 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Силјановска Давкова не гласаа за овој закон.
Битиќи со порака:
Вие не сте ја искористиле парламентарната привилегија да гласате за Вашиот мајчин јазик, а јас очекувам да имате почитување за мојот. Сега разбирам дека Вие и јас не функционираме од истото ниво на почит кон себе а секако после и кон другиот. Вие ја немате, јас ја имам. Поздрав Fatmir Bytyqi (Сречко).