Додека ние тука разговараме, квотата од 5000 странски работници е пополнета со 3000 и нешто“. Вака им одговори на новинарите вицепремиерот Фатмир Битиќи, прашан за доаѓањето на странски работници, кои би се согласиле да работат за македонска плата.

Битиќи рече дека ниедна влада во светот не го регулира „увозот“ на странска работна сила. На прашањето кои се тие работници кои би дошле да работат во Македонија – Пакистанци, Авганситанци…, Битиќи даде дефиниција – тие коишто сметаат дека ќе најдат подобар живот во нашата држава од нивната државата, секако ќе го најдат патот да дојдат до нашата држава.

-Нема ниедна држава, каде владата тоа го регулира. Дискусијата стана, понекогаш на ниво на шега за увозот на работна сила, но јас сум кажал – решенијата долгорочно ги бараме кај нашите сограѓани коишто конечно треба да сфатиме сите дека треба да се одважиме и доживотното учење не е само на хартија и не е само збор што понатаму треба да го зборуваме, туку треба да се доквалификуваме и преквалификуваме и да бидеме во тек со новите работни места кои се отвораат.  Квотата од 5000 е пополнета со 3000 и нешто. Додека ние дискутираме е затворена, веќе ги има. Додека ние дискутираме, приватниот сектор веќе ги наоѓа решенијата сам. Но, јавната расправа, сакале ние како носители на јавни функции се одвива. Подобро да разговараме отколку да оставиме стихијно да се случуваат работите, одговори Битиќи.