БиоНТек” и „Фајзер” денеска предупредија дека немаат докази дека нивната вакцина ќе продолжи да штити од коронавирус доколку се даде втората доза подоцна од тестираната за време на испитувањето.

„Безбедноста и ефикасноста на вакцината не се евалуирани кога станува збор за давање дози во различно време, бидејќи повеќето испитаници добија втора доза во временскиот рок наведен во планот на студијата”, велат компаниите во заедничкото соопштение.

Двете компании напоменуваат дека првата и втората доза се дадени со разлика од три недели.

Претходно, денеска германското Министерство за здравство побара совет дали да се одложи втората доза вакцина против коронавирусот на компаниите „Фајзер” и „БиоНТек”, со цел што е можно повеќе луѓе да ја примат првата доза, а досега вакцинирани се 239.000 граѓани. 

Извор:МИА