Штета што руските знамиња нема да се веат на протестите заради дождот, напиша на facebook македонската новинарка Билјана Секуловска, како коментар за протестите кои што се случуваат во Скопје во последните четири дена. Според Секуловска протестот од граѓански прераснал во платен од Русија.

„А баш убаво се идентификуваа кои им се мотивите. Иако на почетокот беше можеби дел и граѓански протест, прерасна во платен од Русија. Насилнички и исклучиво со руска агенда. Само за тоа ја бива Русија на Путин“, напиша Секуловска.