Германски „Билд“ објави дека Един Џеко има договор со Интер до крајот на сезоната и најверојатно ќе го смени клубот следното лето. Hеговиот нов клуб би можел да биде Баерн Минхен.

Германскиот шампион е во потрага по напаѓач бидејќи не успеа да го надомести заминувањето на Роберт Левандовски во Барселона. Клубот е свесен дека тешко ќе ги доведе Лаутаро Мартинез од Интер или Душан Влаховиќ од Јувентус, па како прва опција го избраа напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Сепак, Тотенхем одбива да го продаде Кејн, па Баерн бара друго решение. Планот Б на Баерн е Един Џеко, а во опција е и Маркус Турам. Џеко веќе настапуваше за Волфсбург во Бундеслигата и постигна 85 гола на 142 натпревари. Во Интер е од лани и досега има постигнато 21 гол.

Прикажи повеќе