Знаеме, многу работите и потребен ви е одмор од време на време. Колкумина од вас биле на Фејсбук, Инстаграм… во текот на работното време? Следат неколку совети како да бидете во тек и со приватниот живот без да ви настрада кариерата и без да ги одложувате обврските.

Повеќе од 90 проценти од луѓето ги користат социјалните мрежи во работното време и прават нешто од приватни цели за време на работните часови. Бидејќи работното време на некои лица е многу флексибилно и тие остануваат и прекувремено, не не чуди што се користат со такви методи.

Фото: Пиксабеј

Не се логирајте веднаш штом ќе влезете на работа на социјалните мрежи. Извршете некоја потешка задача, а потоа, за паузата одвојте 15 минути за да ги прочитате новостите, да стапите во контакт со пријателите или партнерот или да го обавите она што морате. Вашата работа за време на работните часови мора да ви биде на прво место.

Вториот совет е одвоеното време за приватни потреби да биде заокружено. Одредете колку време ви е потребно за да ја завршите приватната обврска и повеќе не се навраќајте на неа.

Фото: Пиксабеј

Не им попречувајте на колегите додека ги обавувате приватните разговори, особено не доколку се карате преку телефонот. На никој не му е грижа што се случува во вашиот дом, па затоа разговорите обавете ги тивко со цел да не оставите материјал за озборување.

Почитувајте ги службените и непишаните правила на работа и нека не ве интересираат колегите кои ги кршат тие правила. Секогаш јавете му се на шефот и најавете му доколку морате да излезете и да обавите некоја приватна работа.

Фото: Пиксабеј

По работата, слободното време користете го исклучиво за семејството, заеднички ручек, прошетки, слушнете се со пријателите, прошетајте во природа, релаксирајте се, а сепак бидете покрај блиските.

Социјалните мрежи заборавете ги, посветете си квалитетно време со семејството и блиските. Викендите користете ги за излети, посета на постарите, ручек кај родителите и сл.