Фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател eо Бајден стана сензација на Интернет. Сега маицата со виралната слика на Берни може да стане дел од вашата гардероба, пишува Си-Ен-Ен.

Фотографијата на која Берни Сандерс седи со скрстени нозе стана „меме“, а неговиот стил на облекување беше наречен „грут шик“.

Соработниците на кампањата на Сандерс решија да продаваат маици со сега веќе легендарната фотографија на „мрзеливиот Берни“, која инспирираше безброј мемиња, а целиот приход е наменет за „Meals on Wheels“, кој работи во матичната држава на сенаторот Вермонт и обезбедува бесплатни оброци за лица под 60-годишна возраст со хронични болести и попречености.

Црна памучна спортска маица чини 45 долари и се произведува во САД.

Се чини дека е популарнa како „мемето“ бидејќи во моментов е распродадена поради големата побарувачка, според веб-страницата преку која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе треба да почекаат до осум недели за нејзината испорака.