Американскиот претседател Џозеф Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц вчера разговараа за напорите за подобрување на регионалната стабилност и просперитет на Западен Балкан, соопшти Белата куќа. Во соопштението се додава дека соговорниците повторно ја осудиле анексијата на украинските територии од страна на Кремљ и разговарале за начините за обезбедување помош на Украина.

Лидерите, исто така, разговарале и за неодамнешните случувања на глобалните енергетски пазари и важноста од обезбедување одржливи и достапни средства за снабдување со енергија, се вели во извештајот.

Прикажи повеќе